Реал очекувано сигурен кај Елче

Во дуелот на водечкиот и последниот тим на шпанското фудбалско првенство Реал Мадрид со 3:0 славеше на гостувањето кај Елче.

Водечкиот гол за актуелниот европски и шпански првак го постигна Федерико Валверде во 11 минута, откако во 6 минута поради офсајд му беше поништен погодокот на Карим Бензема. Следеше мачен период за Реал следеше откако по интервенција на ВАР-от му беа постигнати уште два погодока поради офсајд. Во 26 минута Бензема му асистираше на Давид Алаба, а во 61 минута повторно мислеше дека постигна гол, но радоста кусо траеше. Конечно во 75 минута Бензема погоди од работ на шеснаесетникот на додавање од Родриго, кој асистираше и во 89 минута кога Марко Асенсио го постигна конечниот резултат.

Реал Мадрид со 28 бодови ја зголеми предноста пред Барселона и Реал Сосиедад кои заостануваат шест бодови. Но Каталонците имаат и меч помалку кој во четвртокот вечерта ќе го играат со Вилјареал на својот „Камп Ноу“. Елче сѐ уште нема победа сезонава и е последен со само три бодови.

А Реал Сосиедад со голот на Микел Мерино во 4 минута ја победи Мајорка која остана на 15-то место со девет бодови.

Кадиз и Реал Бетис одиграа без голови. Кадиз е претпоследен 19-ти со седум, бодови, а Реал Бетис моментално е петти со 20 бодови.

Вајадолид дома со 4:1 ја совлада Селта Виго. За домашните стрелци беа Роке Меса во 32 минута, Жоакин Фернандез во 62, и Серхио Леон во 74 и 79 минута, а гостите само привремено израмнија во 43 минута преку Оскар Родригез. Вајадолид сега е 11-ти со 11 бодови, а Селта Виго е 13-та со 10 бодови.