Во финалето од завршниот турник на кошаркарската Евролига во Белград во сабота 21-ви мај ќе играат бранителот на титулата Анадолу Ефес и десеткратниот европски шампион Реал Мадрид.
Двата полуфинални меча ја направија прекрасна вечерта на еврпската кошарка во белградската „Штарк Арена“, кои беа решени биквални во полседните секунди.
Откако во првото полуфинале Анадолу Ефес со „тројката“ на Василие Мициќ со звукот на сирената го победи атински Олимпијакост со 77:74, Реал Мадрид по уште една драма ја совлада Барселона со 86:83.
Барселона играше сигурно во првите две четвртини и во вториот дел влезе со предност од 13 поени 47:34, но Реал направи пресврт и во последната делница влезе со „плус 4“ 60:5. Во последната четвртина Реал неколкупати имаше и предност од 7 поени, но Барска успеа да израмни на 75:75.
Во последните минути се одвиваше уште една драма која заврши среќно за Реал. Веројатно клучен беше офанзивниот скок на Гершон Јабуселе кој на 2,5 секундри до крајот ја зграпчи топката откако Серхио Љуљ го промаши второто слободно фрлање. Јабуселе потоа погоди едно од двете слободни фрлања за 86:83, а Барса во преостанатото време не успеа да погоди „тројка“. Се обиде најдобриот играч вечерва Никола Миротиќ од центарот на игралиштетот, но не успеа.
Кај Реал најефикасни беа Јабуселе со 18 коша и 8 скокови, Фабиен Косер исто така со 18 поени и Серхио Љуљ со 15 коша. Кај Барска најефикасни беа Никола Миротиќ со 26 поени, 12 скокови и 5 аситенции, и Никола Лапровитола со 17 коша, но не го даде својот вистински придонес во моментите кога требаше да се скрши противникот при големото водство на Каталонците.