Реал со пресврт го победи Виљареал

виљареал

Во последниот натпревар од 24.коло во Примера, одигран на „Ел Мадригал“ иако домаќините имаа предност од два гола, сепак на крајот се радуваа гостите од Мадрид.

Првиот дел заврши без голови, а во вториот Виљареал преку Мануел Тригерос (50.минута) и Седрик Бакамбу (56) поведе со 2-0. Сепак, тоа не беше доволно „жолтата подморница“ да излезе како победник. Напротив. Реал успеа комплетно да го сврти резултатот, па со головите на, Герет Бејл (64), Кристијано Роналдо од пенал (74) и Алваро Мората (83), екипата на Реал на крајот славеше победа со 3-2.

Со новите три бодови „кралскиот тим“ се врати на врвот на табелата со бод повеќе од Барселона, која во првото дерби од оваа рунда го победи Атлетико во Мадрид со 2-1.

Севиља која со ист резултат го доби градското дерби против Бетис е на третата позиција со 52 бодови, два помалку од Барселона односно три помалку од лидерот Реал.