Реал славеше во Амстердам, Тотенхем ја декласираше во Борусија

Актуелниот европски првак Реал Мадрид во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите во Амстердам го победи Ајакс со 2:1, додека во вториот дуел вечерва Тотенхем не ѝ даде никакви шанси на Борусија Дортмунд победувајќи ја со 3:0.

Головите за „Кралевите“ ги постигнаа Карим Бензема во 60 и Марко Асенсио во 88 минута, а во меѓувреме во 75 минута за Ајакс израмни Хаким Зејех.

Ова е осма последователна победа на Реал над Ајакс, иако многу лесно можеше да се случи и обратното. „Копјаниците“ доминираа, создаваа шанси го постигнаа и првиот гол на натпреварот кој беше поништен по проверката со ВАР технологијата. Но кога притисокот попуѓшти, Реал се разигра и ги казни сите пропусти на холандскиот претставник.

Ајакс првата шанса ја создаде уште во 9 минута, но Мазрауи шутираше крај голот. Во 26 минуте Тадиќ ја погоди стативата, а во 36 минута Зејех по одлична акција во кој учествуваа пет домашни играчи излезе сам пред Тибо Куроа, но белгискиот голман бравурозно одбрани. Само минута подоцна Таљиафик го натскока Рамос и постигна гол. Но словенчкиот судија Скомина по проверката на снимката го поништо погодокот, поради недозволена позиција на Тадиќ. Европскиот шампион во првото полувреме беше невидлив и се закани посериозно само еднаш, кога во 14 минута шутираше Винисиос Жуниор, а Онана одлично одбрани.

Во вториот дел Ајакс попушти со притисокот и гостите од Мадрид земаа здив. Првата шанса во продолжението ја имаше Реал, во 51 минута опасно се закани Бензема, но домашниот голман беше сигурен. Возврати Нерес во 53 минута, но шутираше право во гостинскиот голман. И според непишаното фудбалско правило, Реал ги казни промашувањата на Ајакс во 60 минута откако целата работа ја заврши Винисиус а поентираше Бензема. Но младите сили на Ајакс не се предава и во 75 минута Таљафико му украде топка на Васкез, ја спушти на крило до Нерес кој со повратна топка во средината го вработи Зјех кој убаво погоди. Гостите во 88 минута повторно дојдоа во водство по брзата контра која ја реализираше Асенсио по одличната асистенција на Карвахал. Во последните моменти од дуелот Ајакс имаше чиста прилика да израмни, но Долберг лошо шутираше.

На лондонски „Вембли“ Тотенхем иако осетно ослабен со 3:0 ја совлада Борусија Дортмунд која исто така беше играчки проретчена. Победата на „Спарс“ им ја донесоа Сон Хеунг-мин во 47, Јан Фертонген во 82 и Гернандо Љоренте во 86 минута. До овој двата клуба одиграа четири натпревари и забележаа по две победи. Ланската Тотенхем во групната фаза ги добија двата меча, а во осимнафинелето од Лига Европа во 2016-та во двете соочувања беше подобра Борусија.

Во првото полувреме немаше голови, а двете екипи имаа само по една убава шанса. Моура во седмата минута шутираше крај голот, а во 44 минута се закани Загади, но Љорис одлично одбрани. Тотенхем поведе веќе во втората минута од второто полувреме, кога Фертонген нафрли, Загаду задоцни да блокира а Сон лесно поентираше. Во 59 минута и Фертонген можеше да постигне гол, но од работ на шеснаесетникот биеше над голот. Белгиецот сепак во 82 минута се впиша во листата на стрелците, кога Орио одлично нафрли а Фертонген втрча од втор план и ја погоди мрежата на Борусија. Големиот чекор на Тотенхем кон пласманот во четвртфиналето го направи Фернандо Љоренте кој по нафрлување од корнер во 88 минута погоди за 3:0.

Возвратните дуели ќе се играат на 5-ти мар во Мадрид и во Дортмунд.