Реал со пресврт во продолжението славеше против Барселона

Реал Мадрид ја победи Барселона со 3:2 во „Ел Класико“ на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“ и на тој начин практично ја обезбеди титулата шампион на Шпанија. Тоа беше натпревар во кој Барса двапати беше во водство, но Реал победи со погодок во 92. минута

Натпреварот започна шокантно за Реал, бидејќи Данецот Андреас Кристенсен постигна гол во шестата минута, но кралскиот клуб успеа да израмни во 18. минута кога Лукас Васкез беше соборен во шеснаесетникот на Барселона од младиот Пау Курбаси, а Винисиус Жуниор ја реализираше најстрогата казна

Првото полувреме го одбележа и тешката повреда на Френки де Јонг, а Каталонците дојдоа до ново водство во 69. минута преку Фермин Лопез. Само четири минути подоцна израмни Лукас Васкез, а во 92. минута Џуд Белингем сосема оставен без одбрана му донесе победа на Реал.