Реал Сосиедад победи во Баскиското дерби

Фудбалерите на Реал Сосиедад го победија со 1:0 Атлетик Билбао во Баскиското дерби, прекинувајќи ја низата од три пораза и шест врзани натпревари во шпанското првенство без победа.

Ова беше прва победа на Реал Сосеидад по 40 дена и 10 натпревари во сите натпреварувања ја донесе голот на Порту во 5 минута по нафрлувањето од Микел Ојазрзабал, кој првпат заигра отко се повреди на 3-ти декември. Со неговата повреда всушност и започна црната серија без победа на Сосиедад, кој до тогаш беше на чело на првенствената табела.

Сосиедад, кој на овој натпревар играше како гостин, беше многу подобар од Атлетик, па во вториот дел Швеѓанецот Александер Исак ја погори стативата, Игор Зубелдија не погоди од голема близина, а ударот на Ојазарбал го одбрани голманот Унаи Симон.

Клубот од Сан Себастијан сега е трет на табелата со 29 бодови, шест помалку од водечкиот Атлетико Мадрид кој има три натпревара помалку и четири бодови помалку од вторпласираниот Реал Мадрид кој има одиграно 16 кола.

 

Во поседниот годинешен натпревар во Ла Лига и 16-то коло, Осасуна и Алавес во Памплона одиграа 1:1, иако домашните уште од 8 минута играа без исклучениот Рубен Мартинез.

Но домашните и покрај тоа што играа со играч помалку успеаја да поведат во 67 минута со погодокот на Роберто Торес, а израмни Лукас Перез од пенал во 75 минута.

Осасуна остана претпоследна 19-та со 13 бодови, а Алавес е 13-ти со 18 бодови.