Во дербито од 4-то коло на шпанската Примера, Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад со 3:1.
Баскискиот клуб го дочека мадридскиот именик со максимален ефект во првите три кола, но европскиот шампиони конечно сезонава и во домашниот шампионат ја демонстрираше својата моќ и без сиспендираниот Кристијано Роналдо.
Мадриѓаните поведоа во 19 минута преку Борха Мајорал, а за домашните изедначи Кевин Родригез во 28 минута. Но истиот играч шест мунути подоцна ја погоди сопствената мрежа, а конечните 3:1 за Реал Мадрид ги постави во 61 минута Герет Бејл.
Со оваа победа Реал Мадрид од 10-то се искачи на 4-то место на табелата со и бодови, додека пред него се Барселона со стопроцентент ефект и 12 бодови, Севиља со 10 и Реал Сосиедад со 9 бодови.