Реал во судиското продолжение испушти победа над Атлетико

Во големото градско дерби Реал Мадрид и Атлетико Мадрид одиграа 1:1 на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред 76.732 гледачи, откако гостите израмнија во третата минута од судиското надополнување.

Тоа беше четврти „Ел Дерби Мадрилењо“ сезонава, а трет за неполн месец. Во септември Атлетико победи со 3:1 во првенствениот дуел, а потоа во средината на јануари Реал победи со 5:3 по продолженијата во полуфиналето на Суперкупот, така што „Рохибланкосите“ се реваншираа на 18 јануари во четвртфиналето на Копа дел Реј, елиминирајќи го Реал Мадрид со 4:2, исто така по продолженијата. Овојпат соочувањето заврши 1:1.

„Кралвски клуб“ поведе со голот на Брахим Дијаз во 20. минута. Дијаз не требаше да започне од првата минута, но откако на загревањето се повреди Винисиус Жуниор, младиот шпански играч за врска доби прилика која одлично ја искористи.

Во продолжение од мечот домашните имаа уште неколку прилики и можеа порано да го затворат мечот, но не успеаја. Во 48. минута гостите првпат ја затресоа противничката мрежа. Антоан Гризман нафрли од корнер, а Стефан Савиќ со глава погоди за 1:1. Сепак, судијата Хозе Санчез го поништи голот по ВАР-асистенција, бидејќи Саул го попречувал голманот Андриј Луњин. Сепак, Атлетио успеа да израмни во третата минута од судиското надополнување. Савиќ уфрли долга топка, Мемфис Депај ја додаде до Марко Љоренте кој со глава покрај бунетата одбрана на Реал погоди за 1:1.

Во претходниот натпревар во неделата, Реал Бетис одигра 1:1 против Хетафе пред 53.000 гледачи. Тоа беше нервозен натпревар со речиси 30 фаули и дури 11 жолти картони.

Гостите поведоа во осмата минута со голот на Мејсон Гринвуд од пенал, кој го одби Абнер. Хаиме Мата беше на чекор до израмнување во 23. минута, но ја погоди стативата. Сепак, Иско израмни, исто така, од пенал во 35. минута.

Во останатиот дел од натпреварот имаше неколку интересни ситуации на двете страни, но без голови. Интересно е што натпреварот траеше вкупно 108 минути, во двете полувремиња беа одиграни девет минути прекини.

Домашната екипа е повеќе загрижена за резултатот отколку за повредата на Иско, кој беше заменет во 82. минута од натпреварот и куцаше од теренот. Со овој резултат Бетис ја задржа осмата позиција со 35 бодови, додека Хетафе е две скалила подолу со 30 бодови. Рела Бетис и Динамо наскоро ќе играат во осминафиналето на Конференциската лига. Првиот натпревар „сините“ ќе го одиграат во Севиља на 15 февруари, а реваншот е седум дена подоцна во Загреб.

Селта Виго ја победи Осасуна со 3:0 на гости, забележувајќи ја првата победа во последните четири кола. Гостите поведоа во 24. минута по брз контранапад кој во гол го претвори Јорген Странд Ларсен на асистенција на Лукас де ла Торе. Само една минута подоцна улогите се сменија. Асистент беше Ларсен, а Де Ла Торе погоди за 2:0. Анастасиос Дувикас ги постави конечните 3:0 во судиското надополнување.

Осасуна е на 12-то место со 26 бодови, додека Селта е на 16-та позиција со 20 бодови, три повеќе од зоната за испаѓање.

Во првата средба во неделата, Виљареал и Кадиз одиграа 0:0.

На врвот на табелата е Реал Мадрид со 58 бодови, додека Жирона е втора со два бода помалку. Барселона е трета со 50 бодови, додека Атлетико е четврти со 48 бодови.