Карпата во Шипковица е отсранета, ќе се гради клучката за Брвеница за што се одвоени 60 милиони денари и ќе се гради канализација во Брвеница. Нови игралушта ќе се градат во гостиварската населба циглана и селото Зубовце. Ова беше потенцирано денеска на работниот состанок на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со министри и градоначалници.
Во делот на карпите што беа проблем односно пречка да не паднат, веќе преку армијата е тоа завршено минирани се карпите и отстрането е се. Цел тој дел што е проблематичен е завршен. Првично армијата тргна една карпа, потоа целосно минирање направија на сите карпи. Фактички сега нема проблем за не дај боже повторно да има одрон од карпите. Последниот пат кога бевме во јули, ова беше едно од главните барања, и завршено е. Со последните поплави имавме дополнителни одрони, затоа и плус механизација и плус минирање, рече Мисајловски.
Околу клучката за Брвеница Мисајловски истакна дека и таа е завршена и пуштена е во функција, останува само еден дел што има имотно правен проблем. но тој не може да се реши се додека трае постапката.
Во однос на канализација во Брвеница, Мисајловски рече дека со градоначалникот имаат соработка, веќе се прави проектот.
Јас очекувам за месец најмногу два комплетно да биде готов. Средствата ги обезбедивме кај нас во буџет, и тоа значи дека за отприлика три месеци ако е со проектот комплетно се во ред, започнуваме со градба, рече Мисајловски.
На состанокот се говореше и за нови игралишта во Циглана и Зубовце.
Сакам да ве информирам дека во Зубовце некаде пред десетина дена веќе започнавме со изградба. Веднаш по посетата ние ја започнавме тендерската процедура. Во намалени временски рокови идевме проектирање и изведба, бидејќи таму во училиштето веќе постоеше одредено повеќенаменско спортско игралиште, меѓутоа беше во импровизирани услови. Јас очекувам да биде завршено за не повеќе од два месеци веќе да биде завршено. Овие се типски игралишта, мултифункционални, веќе имаме рутина, ги имаме изградено во државава, така да и фирмите кои што работат за брз временски период ќе ги завршат, рече директорот на АМС, Марјан Спасески.