Реалните плати во еврозоната се пониски отколку во претпандемискиот период и веројатно уште повеќе ќе се намалуваат во следните месеци поради брзиот раст на цените, предупреди во понеделникот Европската централна банка (ECB).
Пандемијата предизвика големи нарушувања на пазарот на трудот поради строгите мерки за сузбивање на коронавирусот и побарувачката на работна сила, особено во секторите во близок контакт со купувачите.
Острото закрепнување на стопанството по ублажувањето на епидемиолошките мерки и недостигот од работна сила поттикна силен раст на платите, во споредба со историските трендови, особено во секторите на грижа, транспорт и угостителство, истакнуваат од ECB.
Уште во 2020 година реалните и нормалните плати растеле речиси со идентично темпо, што остро се променило во првото тримесечје од 2021 година, кога цените почнале да растат со забрзано темпо.
„Во почетната фаза од пандемијата, инфлацијата беше многу ниска, одразувајќи ги сланите ценовни притисоци, значителното негативно влијание на цените на енергијата и другите фактори, како што е привременото намалување на индиректните даноци поради поттикнување на економијата“, потсетуваат од ECB.
Во 2021 година инфлацијата забрзала поради поскапувањето на енергијата и проблемите во набавката на стоки и услуги во атмосферата на отворањето на економиите по укинувањето на пандемиските ограничувања, а беше резултат на с подлабокиот јаз меѓу реалните и номиналните плати.
Номиналните плати пораснале послабо од отколку потрошувачките цени, па куповната моќ на граѓаните се намалила и во второто тримесечје од минатата 2022 година изнесувала околу 3,6 отсто пониска отколку во четвртиот квартал од 2019 година, непосредно пред почетокот на пандемијата на Covid-19, тврдат од ECB во редовниот Економски билтен.
„Реалните плати сега се значително пониски отколку што беа пред пандемијата и веројатно дополнително ќе се намалуваат и во следните месеци. Тоа би можело да ги поттикне синдикатите во следните рунди од преговорите да бараат поголеми зголемувања на платите, особено во секторите со пониските плати“, се предвидува во анализата на ECB.
Се проценува дека номиналните плати многу силно ќе растат и во следните тримесечја, во споредба со историските нивоа.
„Тоа ги одразува робусните пазари на трудот на коишто досега во поголема мера не влијаеше забавување на економиите, подигнувањето на минималните плати и благото приближување на платите кон високите стапки на инфлацијата“, се додава во написот.
Во среднорочна перспектива растот на платите би требало да го закочи очекуваното забавување на економијата и неизвесни се економските изгледи, прогнозираат во ECB.