Оваа салата е вистинско освежување за летните денови…
Состојки:
- 6 компири
- 2 краставици (свежи)
- 10 ротквички
- 1 врзоп копар
- rotkvica, crvena
- 2 лажички сенф
- 3 лажици јаболков оцет
- Сол
- Свежо мелен бибер
- 4 лажици маслиново масло
Подготовка:
Излупете ги компирите и исечете ги на коцкички. Варете ги во солена вода околу 20-тина минути.
Краставиците и ротквицата измијте ги и исечете ги на коцкички. Копарот исечкајте го ситно.
Во чинија измешајте 4 лажици маслиново масло, 3 лажици јаболков оцет, сол, бибер и две лажички сенф. Кога компирот ќе биде готов, исцедете го добро и префрлете го во чинијата со претходно подготвениот сос. Добро промешајте и оставете го настрана додека компирот не се олади.
Кога ќе се излади компирот, додадете краставички, додадете му краставички, ротквички и копар, добро промешајте и додадете зачин по потреба. Оставете да отстои во ладилник половина час пред послужување.