Погледнете го овој рецепт што ќе ги воодушеви сите љубители на омилениот летен десерт.
Состојки:
- Слатка павлака – 4 децилитри
- За брзо кондензирано млеко:
- 1 филџан млеко во прав (филџан од 1, 8 децилитри до 2 децилитри)
- Помалку од половина филџан шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 3 лажици путер или маргарин за колачи
- 1/3 филџан зовриена вода
Можете да додадете чоколада, чоколаден крем, сечкано овочје, бадеми, лешници, кокос, ароми…
Подготовка:
Изматете ја слатката павлака. Состојките за кондензираното млеко изматете ги со миксер или во блендер околу 2 минути. Соединете ги двете смеси и ставете ги во замрзнувач да се стегнат и тоа е тоа!
За детално упатство погледнете го видеото!