![majonez-111](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/majonez-111.jpg?resize=625%2C350&ssl=1)
Ако ви останаа варени јајца, еве како можете да ги искористите и да направите вкусен домашен мајонез.
Состојки:
- 2 тврдо варени јајца
- Свежа жолчка
- Сок од половина лимон
- ½ литро масло за јадење
- 1 лажичка сенф
- сол
Подготовка:
Варените јајца измиксирајте ги со една свежа жолчка, малку посолете и додадете неколку капки сок од лимон и сенф.
Кога смесата ќе се изедначи ставете неколку капки масло и миксирајте, постапката повторувајте ја се додека не го потрошите целото масло, а на крај додадете уште сол доколку е потребно.