
Станува збор за брза и егзотична храна од тестенини, совршена за летните денови…
Состојки:
- 3 филџани лист од босилек
- 0,75 филџан пармезан
- 1 филџан маслиново масло
- 0, 5 филџан пињоли
- 3 чешниња лук
- 450 грама шпагети
- Сол
- Црн бибер
Подготовка:
- Измиете ги листовите босилок под млаз студена вода. Промешајте ги со пињоли (што пред подготовката благо сте ги запекле на сува тава) и измиксајте ги во блендер. Додадете лук и иситнете го до крај.
- Полека додавајте маслиново масло додека миксаре. Измешајте изрендано сирење и уште миксајте. Додадете прстофат сол и бибер.
- Сварете ги шпагетите според упатството на амбалажата и промешајте ги со пестото. Послужете.