Рецепт: Пилешко во соја сос и мед

Маринадата со соја сос и мед на пилешкото месо ќе му даде посебна сочност и вкус.

Состојки:

¼ филџан мед

1/3 филџан соја сос

½ лажичка црн бибер

4 чешниња лук, изгмечени

Лажица рендан ѓумбир

4 шницли пилешко бело месо со средна големина

Подготовка:

  1. Промешајте ги сите состојки освен пилешкото и ставете ги во кеса за замрзнувач;
  2. Во кесата ставете го и месото. Промешајте се заедно и ставете ја кесата во фрижидер неколку часа, а најдобро е ако може да ја оставите и цела ноќ:
  3. Маринираното пилешко ставете го на плех обложен со алуминиумска фолија и печете го во рерна загреана на 200 степени, околу 45 минути.
  4. Маринадата не се фрла. Додека пилешкото месо се пече, маринадата можете да ја загреете на рингла, па со неа да го премачкувате пилешкото на секое 10-тина минути додека се пече.