Смути со мед за повеќе енергија

Освежете се и наполнете се со енергија со помош на ова вкусно смути со мед и портокал.

Состојки:

  • Грчки јогурт
  • 2 излупени портокали
  • 6 кругчиња ананас од конзерва
  • 6 лажици сок од ананас
  • 1 дл млеко со низок процент на маснотија
  • 3 лажици мед
  • Прстофат цимет

Подготовка:

Сите состојки освен циметот ставете ги во блендер и добро промешајте ги. Ставете во чаша и декорирајте со цимет (по желба). Количината на грчки јогурт зависи од саканата густина.