![g](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/10/g.jpg?resize=650%2C325&ssl=1)
Доколку не сте баш искусни и вешти во кујната, а сакате да зготвитенешто вкусно и брзо ова е вистинскиот избор за вас.
Потребни состојки:
– 2 мали главици кромид
– 350 г. мелено месо
– сол, мешавина од зачини (по вкус)
– мелена црвена пиперка (по вкус)
– 500 г. шпагети
– доматен сос (Томатело)
Начин на подготовка:
Кромидот ситно исецкајте го и пржете го во загреано масло додека не добие златна боја. Додадете го меленото месо, солта, зачините, мелената црвена пиперка, и се промешајте и пржете заедно. Кога месото ќе биде готово тргнете ја смесата од оган. На чинија сервирајте ги сварените насолени шпагети во облик на гнездо, ставете го меленото месо во вдлабнатината, и послужете заедно со сос од домати.