Сите состојки ги ставате во блендер или соковник и добиениот сок го пиете.
Како дејствуваат состојките од овој рецепт за долг и здрав живот?

Морковот го поправа видот, делотворно дејствува против ракот, ја прави кожата помлада и поздрава. Исто така овој корен е одличен за срцето, забите и непцата, го чисти телото и ве штити од срцев удар.
Јаболкото го зајакнува имунитетот, помага при слабеење, го стимулира работењето на бубрезите, црниот дроб и жолчката, штити од болести на усната шуплина, го стимулира дигестивниот систем… Исто така го штити срцето и крвните садови, го отстранува стресот, заморот и несоницата, штити од бактерии и вируси и спречува неколку видови рак.
Лимонот го чисти црниот дроб и ја стимулира неговата работа. Тој е природен антисептик и антиоксиданс, спречува грип, настинка и голем број инфекции, а помага и кај тегобите со жолчката, дигестијата, го поттикнува создавањето на ензими во црниот дроб, ја нормализира работата на цревата и го олеснува празнењето.
Исто така спречува гингивитис и стоматитис, помага во намалувањето на крвниот притисок и го зголемува нивото на добриот холестерол, го алкализира организмот, спречува грчеви и болки во мускулите, ја регулира работата на метаболизмот, штити од стрес и депресија, го намалува ризикот од мозочен удар, го спречува настанувањето на камен во бубрегот и жолчката, а штити и од остеопороза.
Ѓумбирот ги ублажува тегобите во жолчката и подуеноста, ја стимулира секрецијата на мукус, ја ублажува кашлицата и ја олеснува болката во грлото. Исто така ја олеснува и мачнината (посебно моркста болест, утринската мачнина, мачнината предизвикана од движење и мачнината по хемотерапијата). Поседува анти-бактериски, анти-габични и анти-токсични својства и поради тоа се користи во превенција против грип и настинка.
Ѓумбирот исто така е и анти-хистамин и поради тоа се користи и кај алергиите, има антивоспалителни дејствија поради кои што се користи за лекување на ревматичен артритис, остеоартритис и други болести на мускулното, коскеното и сврзувачкото ткиво. Хемиските состојки што ги содржи ѓумбирот се корисни во спречувањето на процесот на биосинтезата на шростагландинот, што е одговорен за настанување на воспаленија.
Ова, по се изгледа се доволно причини за уште денес да го пробате овој рецепт за долг и здрав живот.