Американската економија потона во рецесија во февруари и, според сѐ судејќи, ѝ претстои најголемиот пад од Големата депресија во 1930-те години, но може да се покаже и дека оваа рецесија ќе биде најкратката во историјата.
Иако е веќе јасно дека најголемата светска економија е во рецизија, во понеделникто тоа и официјално го потврди Националното биро за економски истражувања (NBER), институција којашто се задолжена за одредување кога почнува и завршува рецесијата во САД.
„Комисијата препознава дека пандемијата на коронвирусот и одговорот за зачувување на јавното здравје резултирале со пад на различните карактеристики и динамики од претходните рецесии“, се наведува во соопштението на Комисијата за деловни циклуси при NBER.
И покрај тие разлики, Комисијата заклучила дека поради „невидениот пад на вработеноста и производството, како и неговиот широк досег во целото стопанство, оваа епизода се смета за рецесија, дури и доколку се покаже дека ќе биде покуса од претходните падвои на економијата“. Комисиајта во изјавата порачува дека во февраури дошло до „јасен пик на меселните економски активности“, додека кулминациајта на кварталните актовности се случила во четвртото тримесечје од 2019 година.
Рецесијата вообичаено се смета за пад на економиите две последователни тримесечја, но тоа не е секогаш случај, а во САД се смета дека NBER официјално одредува кога настапува рецесијата.
Комисијата наведува дека „значителниот пад на економската активност се шири по целата економија, а што е вообичаено видливо во производството, вработувањето и другите показатели. Рецесијата започнува кога економијата ќе го достигне врвот на економската активност и завршува кога економијата ќе го достигне дното на циклусот“.
Бруто домашниот производ (БДП) на САД во првиот годинешен квартал паднал за 4,8 отсто и веројатно во второто тримесечје ќе го забележи најголемиот апд во историјата, можеби и повеќе од 20 отсто. Оваа рецесија воедно го означи и крајот на најдолгиот период на раст на американската економија во историјата, кој траеше 128 месеци или речиси 11 години.
На почетокот од годинава се чинеше дека овој раст ќе продолжи, но следеше пандемијата на коронавирусот, поради што беа блокирани речиси 95 отсто од камацитетите на американската економија, па околу 20 милиони Американци останаа без работа. Поради тоа, стапката на навработенсот за само неколку месеци скокна од 3,5 отсто, најниското ниво во последните 50 години, на дури 14,7 отсто, највисокото ниво по крајот на Втората светска војна.
Меѓутоа, по добрите макроекономски показатели последните седмици, вклучително и зголемувањето за 2,5 милиони на бројот на вработените среде кризата иако аналитичарите очекуваа губење на 8 милиони работни места, какои постепеното заживување на економските активности, повеќето економисти сметаат дека падот на економијата ќе заврши во вториот квартал, со што би завршила и рецесијата.
„И додека е речиси е сигурно дека ова ќе биде најдлабоката рецесија од војната, исто така, речиси е сигурно дека таа ќе биде и најкратката“, оценува Јан Хациус, главен економист во „Goldman Sachs“ и истакнува дека ниедна рецесија уште од средината нан 1800-те години не траеле помалку од шест месеци.