Рецесијата го загрозува и денарот

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, видливо е дека животните трошоци растат, просечната плата паѓа, а економијата е практично во рецесија. Македонија со најлоши статистички показатели на Балканот, но со рецесијата во којашто Владата на Зоран Заев ја втурнаува државата загрозена е и националната влаута.

Трошоците за живот се зголемиле за 1,7 отсто во септември во однос на истиот месец минатата година. Според најновите податоци на Државата статистика покажуваат дека најмногу поскапеле алкохолот и цигарите, за 6.,7 отсто, но и транспортот за 6,3 проценти како и комуникациите за 9,5 отсто.

Од друга страна статистичарите измериле и пад на просечната плата, иако има благ раст на годишно ниво, таа во јули во однос на јуни била помала за 0,6 отсто.

Ова е резултат на запирањето на севкупните економски активности во земјата. Во првиот квартал беше регистрирана стагнација односно раст од 0 отсто, а во вториот пад од 1,8 проценти.

Додека сите соседи бележат економски раст, Македонија е практично во рецесија. Според економската теорија, една држава се смета дека влегла во рецесија, кога нејзината економија два квартала последователно бележи негативна стапка на раст.

Со тоа Македонија е на последно место во регионот според сите показатели. Според tradingeconomics.com, реномираната интернет страница чии податоци се базираат на официјални извори од статистичките заводи на 196 земји, и која вклучува повеќе од 20 милиони економски индикатори, Македонија е единствената земја во регионот, и воопшто во Европа, која бележи пад на брито домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од годинава.