Речиси 14 тони дрога се конфискувани вчера во Еквадор, соопштија властите.
Дрогата била наменета за САД, Европа и Централна Америка.
Во акцијата „Гранд Ерихон 35“ беа извршени 42 рации во повеќе провинции во државата, при што беа уапсени 28 лица и запленети 13,6 тони дрога, објави на „Х“, министерот за внатрешни работи, Хуан Запата.
Тој додаде дека операцијата била по едногодишна истрага и „размена на информации со Мексико, Колумбија и САД“.
Запленети се и пушки, автомати и пиштоли. Во претходните рации беа уапсени 33 лица.
Рациите беа извршени во осум од 24-те провинции во земјата, кои бележат рекорден пораст на насилство и трговија со дрога. Од 2021 година во земјата се конфискувани над 500 тони дрога.