Речиси 140 прекршоци со пречекорување на дозволената брзина

Во текот на петокот припадници на Министерството за внатрешни работи спроведоа засилена акциска контрола на територијата на земјата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 138 возачи.

Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.