Речиси 200 мртви во Индија и во Непал во поплави и одрони

Речиси двесте луѓе ги загубиле животите по повеќедневните големи поплави и катастрофални одрони во Индија и во Непал кои цели семејства затрупувале во нивните домови, соопштија тамошните власти во четвртокот, а метепролошките служби најавуваат нови обилни врнежи.

Според досега официјалните податоци во невремето има 88 мртви во Непал и 102 во Индија.

Според стручњаците, сѐ понепредвидливите и екстремни метеоролошки услови кои деновиве го зафатија југот на Азија наводно се последица од климатските промени а се засилени и поради крчењето на шумите, градењето големи брани и прекумерниот развој.

Меѓу 88-те жртвите во Непал е и шестчлено семејство со три деца, чијшто дом исчезнал под лавината од земја и камења. Во Индија, хималајската сојузна држава Утарканд потврдила во четвртокот 55 жртви, меѓу кои и пет членови од едно сепејство кои биле затрупани во нивната куќа.

Многу мостови и патишта е оштетени во регионот, а и многу градови се отсечени од остатокот на светот. Војската е мобилизирана за да помогне во расчистувањето на патните правци за да се стаса до илјадниците настрадани во невремето.

Секретарот за природни катастрофи на Итарканд, С. Муругешан изјавил дека бројот на загинатите може да расте бидејќи многу жители се приајвени за исчезнати, меѓу кои и 20 туристи кои се искачувале кон тамошен глечер.

Пет лица загинале во индиската сојузна држава Западен Бенгал, на истокот од земјата, каде „калта, карпите и водата кои се селвале низ падините во Дарџилинг оштетиле речиси 400 куќи“, изјавил за AFP министерот за управување со вонредни ситуација Џавед Ахмед Кан.

„Неколку илади луѓе се евакуирани подалеку од реките во кои растат водостоите. Стотици туристи се заглавени во планинарскиот дом Дарџилинг“, додал Кан.

Метеоролошките служби издале ткн „црвена тревога“ за Западен Бенгал, предупредувајќи дека извонредно силните дождови ќе продолажт во четвртокот во Дарџилинг, Калимпонг и Алипирдар.

Во сојузната држава Керала, која минатата седмица пријави 20 жртви во поплавите, во 2018 година речиси 500 луѓе загинаа во најкатастрофалните последици од поплавите во последните сто години.