Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 149 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а вкупната бројка вакви пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците во внатрешнота изнесува 249 и има околу 538 празни болнички кревети во ковид центрите.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на Covid-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 17 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 12 болни, а во Куманово 30 пациенти позитивни и суспектни.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 24 пациенти, во Прилеп 9, во ковид центарот во Гостивар 1, а во Струга 10 болен.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани 3 во Кичево 7, Кавадарци 3, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупно 100 пациенти потврдени и сомнителни за Covid-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град Скопје. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 3 пациенти, а вкупно се лекуваaт 100 болни сомнителни и потврдени за Ковид 19
Инаку во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани тројца нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Во ковид-центарот во Гратска општа болница „8-ми Септември“ имало два примени пациента и еден бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми. Во ковид-центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 17 пациенти.
Во ГОБ „80ми Септември“ има вкупно 35 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 48 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти