Вечерва во емисија на јавниот сервис МРТВ беше презентирано истражувањето на јавното мнение чии резулатте укажуваат дека голем дел од граѓаните воопшто не се задоволни од владините мерки за справување со економската криза.
Институтот за политички истражувања направи анкета на примерок од 1.087 испитаници во периодот од 27-ми до 30-ти мај прашувајќи ги прашања за справување со економска криза.
На прашањето дали се задоволни од сетот мерки коишто Владата ги презентираше за помош на граѓаните и фирмите за да можат од Ковид кризата 40% од испитаниците велат дека целосно или делумно се задоволни од она што владата го понуди. Тоа претежно групата од 39 години. Само до некаде задоволни или воопшто не се 37.7%, со тоа што најголемиот дел како што може да се забележи 25.57% воопшто не се задоволни од ниту една владина мерка за економската криза.
На прашањето дали сте или ќе бидете корисник на некоја економска мерка дури 70.5% велат дека ниту се, ниту пак ќе искористат која било од економските мерки