Речиси 4.000 лица до вчера направиле увид во Избирачкиот список

Во тек е постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до 9 септември 2021 година, информираат од Државната изборна комисија.

-Заклучно со вчерашниот ден вкупно 3910 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се девет барања за запишување во Избирачкиот список, 12 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и три барања за измена на податоците во Избирачкиот список, се наведува во соопштението од ДИК.

До Државната изборна комисија, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 14 барања.