Речиси 40 убиени на протестите во Мјанмар

Во протестите во повеќе градови во Мјанмар во средата се убиени најмалку 38 лица, објавија Обединетите нации по денот со најмногу жртви откако во земјата започнаа протестите против државниот удар кој го изведе армијата во февруари.

Крвопролевањето доаѓа ден откако соседните земји повикаа на воздражност во Мјанмар во периодот по државниот удар во кој војската ја собори избраната влада на Аунг Сан Суу Кји.

Полицијата и војската отвориле оган врз демонстрантеи со боева муниција без многу предупредување, изјавиле за медиумите очевидци.

„Ова е ужасно, ова е колеж. Нема зборови со кои ќе се опишат ситуацијата и нашите чувства“, изјави за агенцијата Reuters активистот Тинзар Шунлеи Ју преку апликација за размена на пораки.

Меѓу загинатите има и четири деца, според една од локалните хуманитарни организации, а локалните медиуми известуваат дека се уапсени стотици демонстранти.

„Денеска беше најкрвавиот ден од војниот удар изведен на 1-ви февраури. Само денеска имавме 38 убиени. Сега имаме повеќе од 50-ина мртви откако започна пучот, а ногумина се ранети“, изјави во Њујорк специјаланта пратеничка на Обединетите нации за Мјанмар, Кристине Шранер Бургенер.

Портпаролот на воениот совет кој во моментов претставува власт во земјата, не одговарал на телефонските повици на агенциите за коментар.

Шранер Бургенер додаде и дека во разговорот со Сое Вин, заменикот на воениот командант на Мјанмар, предупредила деа војската веројатно ќе се соочи со строги мерки од страна на некои земји и со изолација како одговор на воениот удар.

„Одговорот беше: Навикнати сме на санкции и ги преживраме. Кога предупредив дека и тие ќе бидат изолирани одговорот беше: Мораме да научиме да одиме со само неколку пријатели“, изјави Шранер Бургенер во Њујорк.

Советот за безбедност при ОН треба за остојбата во Мјанмар ќе диксутира во петокот на состаникот зад затворени врати, соопштија дипломатите.

Против поранешната мјанмарска челничка Аунг Сан Суу Кји во понеделникот се покренати две обвиненија, еден месец откако е ставена во домашен притвор.

Од друга страна, расте меѓународниот притисок, западните земји одговарија на акцијата на војската со санкции против генералите. Меѓутоа, хунтата се оглушува на глобалните осуди и на протестите одговара со сѐ поголема примена сила, а безбедносните сили се користеле со смртоносно оружје против демонстрантите во средата.

Протестите се одржуваат секојдневно, а во средата повторно избувнаа насилства откако ден претходно шефовите на дипломатијата на земјите членки на ASEAN, Југоисточна Азија, а меѓу нив беше и претставник на Мјанмар, разговараа за кризата на виртуелниот состанок.