Речиси 400 пациенти со Covidi-19 хоспитализирани во Скопје, меѓу заразените во главниот град има деца и трудници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 398 лица сомнителни и потврдени за Covid-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 5 приеми.

Во ковид центарот во Гратската општа болница „8-ми Септември“ имало 9 примени пациенти и 7 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приема. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 136 пациенти.

Во ГОБ „8-ми Септември“ има вкупно 121 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 111 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 12 пациенти. На Клиниката за детски болести има 2 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 11 болни.

Вкупно 398 пациенти потврдени и сомнителни за Covid-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.