Речиси 60% од граѓаните во ИЕ1 и ИЕ 5 мислат дека Македонија се движи во целосно погрешна насока

Огромно мнозинство од испитаниците на последната анкета на ИПИС, спроведена во март за емисијата Објектив на МРТ, сметаа дека Македонија се движи во целосно погрешна насока.

Во изборната единица 5 на прашањето “во каква насока се движи Македонија?„ во месец март 57,6% од граѓаните рекле во целосно погрешна насока, 12,3% одговориле донекаде погрешна насока, ист толкав процент се определиле за донекаде правилна, 12,9 кажале дека Македонија се движи во целосно правилна насока. Од анкетираните само 5% немале одговор.

Во ИЕ 1, на истото прашање 59,3% се изјасниле дека Македонија се движи во целосно погрешна насока, 13,1 одговориле донекаде погрешна насока, 16,1 донекаде правилна, а 6,9% во целосно правилна насока. Од анкетираните само 4,5% рекле не знам или немале одговор.

Анкетата го испитуваше и мислењето на граѓаните за тоа која партија според нив може најдобро да се справи со проблемите со коис е соочува Македонија и резултатите и даваат предност на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Имено во изборната единица еден, 23,3% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ може да даде подобра понуда за следниот мандат, 9,9% за понудата на СДСМ, а по нив следат ДУИ со 6,4%, Левица со 4,2%, коалицијата ВРЕДИ со 5,6%, движењето ЗНАМ со 2,9% итн.
Во изборната единица 5 од испитаните граѓани 23,1% одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро може да се справи со проблемите на државата, 11,8% веруваат дека СДСМ може да понуди решение, 6,5% ДУИ, 3% Левица, 2,6% движењето ЗНАМ, а 1% веруваат дека Алијансата за Албанците предводена од Села може да понуди најдобри решенија за проблемите со кои се соочува Македонија?