Aмериканскиот произведувач на компјутери „Dell Technologies“ најави во понеделникот дека ќе изгаси 6.650 работни места поради послабата потрошувачка на граѓаните и компаниите во услови на висока инфлација и зголемени трошоци на задолжувањето.
Технолошкиот гигант со тоа се придружи на низата големи технолошки американски компании меѓу кои „Alphabet“, „Amazon“, „Metа“ и „Microsoft“, кој најавија десетици илјади откази во технолошкиот сектор, најмногу од крахот на „dot.com“ од почетокот на екот, оценува советодавната компанија „Challenger, Gray & Christmas“.
Така, во јануари „Amazon“ почна со делењето откази за 18.000 вработени, „Meta“ планира да отпушти 11.000 а „Microsoft“ 10.000 работници.
Минатата 2022 година технолошкиот сектор најави повеќе од 97.000 откази, што е најмногу од 2002 година кога беа отпуштени 131.000 работници, според податоците на „Challenger, Gray & Christmas“.
Управата на „Dell“ предупреди на високото ниво на неизвесност во работењето.
„Можеме само сигурно да утврдиме дека ситуацијата на пазарот континуирано се влошува и дека иднината е неизвесна“, напишал во дописот до вработените еден од главните оперативни директори Џеф Кларк.
Досегашните потези на „Dell“ во борбата со предизвикувачките економски состојби, вклучително и запирањето на ангажирањето надворешни соработници, ограничувањата на патувањата и намалената потрошувачка за надворешните давачи на услуги, „повеќе не се доволни“, додава Кларк во дописот што го објави компанијата.
Кон крајот на јануари во „Dell“ биле вработени околу 133.000 работници, од кои приближно една третина се вработени во САД.