Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави во понеделникот дена бројот на новозаразените од новиот сој на коронавирусот Covid-19 во последните 24 часа е значително поголем отколку во Кина.
„Во последните 24 часа имало речиси девет пати повеќе случаи на Covid-19 пријавени надвор од Кина отколку во континентална Кина“, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференцијата во Женева.
Во Кина, каде што овој коронавирус се појави кон крајот на декември, бројот на случаите и натаму е во опаѓање, истакна Гебрејесус, велејќи дека во СЗО во неделата се пријавени 206 новозаразени, што е најмалата бројка од 22-ри јануари. Надвор од централната кинеска покраина Хубеи, жариштето на епидемијата, забележани се само 8 случаи. Надвор од континентална Кина, пак, во истиот период се пријавени 8.739 нови заразени лица во 61 земја и територија, од кои починале 127 луѓе.
Бројката починати во светото од коронавирусот во понеделникот надмина 3.000 луѓе и болеста и натаму има сериозни последици ширум планетата.
Епидемиите во Јужна Кореја, Италија , Иран и Јапонија, се „нашата најголема грижа“, изјави директорот на СЗО.
Во Италија во моментов се регистрирани 1.835 пациенти со коронавирус, со пораст од 258 заболени во однос на вчерашниот ден. Новите податоци ги соопшти комесарот на службата за цивилна заштите Анџело Борели на прес-конференција. Притоа рече дека на нив мора да се додат 149 обновени, или 66 повеќе од вчера, и 52 мртви, или 18 повеќе од ден претходно.
Иран, која е меѓу најтешко погодените земји, ја одби во понеделникот понудата на САД за помош во борба со коронавирусота со услов Техеран тоа да го побара од Вашингтон. Иранската страна ваквите американски понуди ги смета за лицемерие и порачува дека токму вратените санкции од САД ја оневозможуваат земјата да се справи ефикасно со епидемијата.
Коментирајќи ја американската понида, Гебрејесус ја истакна „важноста на солидарноста во овој момент“. Коронавирусот е „заеднички непријател и затоа мораме да се обединиме“, рече додавајќи дека болеста може да се „сузбие со вистински мерки“.
Истовремено во понеделникот Франција, Германија и Велика Британија издвоија 5 милиони евра за помош на Иран во справувањето со ширењето на коронавирусот. Исто така, веднаш во неделата трите земји упатија со авион во Техеран помош во материјали неопходни за спровувањето со коронавирус.
„Франција, Германија и Велика Британија ја изразуваат својата целосна солидарност со сите изложени на Covid-19 во Иран. Му нудиме на Иран сеопфатен пакет и материјална и финансиска поддршка за борба против брзото ширење на болеста“, се истакнува во трипартитната изјава.