Речиси две третини Германци сакаат нова влада

Речиси две третини од германските граѓани сакаат нова влада, покажува анкетата објавена во саботата, само ден откако во друго истражување на јавното мнение мнозинството се изјасни дека не е задоволно од работата на канцеларот Олаф Шолц и неговата коалициска влада.

Дури 64 отсто од испитаниците сметаат дека промената на актуелната влада би било добро за Германија, покажуваат резултатите од анкетата којашто институтот INSA го спровела за неделното издание на весникот Bild.

Само 22 отсто од учесниците во истражувањето сакале да се задржи актуелната коалициска влада којашто ја сочинуваат Социјалдемократската партија на Германија (SPD) на канцеларот Шолц, Зелените (Bündnis 90/Die Grünen) и бизнис-либерлано ориентираните Слободните демократи (FDP).

Од друга страна Forschungsgruppe Wahlen ја спровел анкетата Politbarometar за германскиот јавен сервис ZDF објавена во петокот, а таа покажа дека 51 отсто од Германците не се задоволни со работата на Шолц на канцеларската должност, а 58 отсто сметаат дека коалициската влада лошо ја извршува својата работа.

Новата анкета покажува и дека опаѓа задоволството од Шолц и неговите социјалдемократи, и сега 70 отсто од испитаниците се незадоволни од учинокот на канцеларот. Тоа претставува зголемување на недовербата од 10-процентни оодови во спореда со анкетата спроведена пред четири седмици.

Според анекетата за неделното издание на Bild, се зголемува заостанувањето на SPD зад десничарската Алтернатива за Германија (AfD) и сега има само 18 отсто поддршка, два процентни поена помалку отколку минатата седмица, додека евроскептичната и противдоселеничка AfD останала на 21 отсто.

Опозицискиот конзервативен блок на Христијанско-демократската унија (CDU) и баварската Христијанско-социјална унија (CSU) се водечки со 27 отсто поддршка. Зелените, пак, остануваат на околу 14 отсто, додека FDP имаат 8-процентна поддршка. Крајно левичарската Левица (Die Linke) е на работ од прагот со 5 отсто.