Речиси милиони фалсификувани евра запленети на скопскиот аеродром

Пограничната полиција уапси двајца фалсификатори од Камерун кои се обиделе да внесат скоро милион фалсификувани евра на скопскиот аеродром.

Како што пренесува Курир.мк повикувајќи се на своит  извори, тие во Скопје допатувале од Милано.

Од МВР го потврдуваат апсењето на фалсификаторите односно дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал работи на случајот во координација со Јавното обвинителство, а детална информација најавуваат за утре.