Речиси невозможно помирување меѓу принцот Хари и кралското семејство

Принцот Хари тврди дека немал намера да му нанесе штета на британското кралско семејство со објавувањето на своите мемоари, но се чини дека поради нивната непријатна содржина помирувањето речиси е невозможно.

„Би сакал татко ми да ми се врати, би сакал да ми се врати брат ми“, изјави Хари во интервјуто за британскиот телевизиски канал iTV снимено пред објавувањето на неговата книга „Spare“, додавајќи дека е „стопроцентно“ убеден дека помирувањето е возможно.

Меѓутоа, вклучително и самиот Хари, не е поштеден во драмата којашто го следи објавувањето на книгата.

Во мемоарите Хари признава дека адолесценцијата му била одбележана со дроги и алкохол, а поради одлуката да ѝ ги открие на јавноста семејните тајни му паднала популарноста во татковината.

Многу редови се напишани и на напад на неговиот татко кралот Чарлс Трети, на братот принцот престолонаследник Вилијам, маќеата кралицата сопруга Камила и неговата снаа Кејт Мидлтон.

Чарлс би требало да биде крунисан на 6-ти мај, но „навистина не гледам како“ семејното помирување би можело да биде можно, вели за AFP Паулин Мекларан, професорка на лондонскиот Кралски универзитет Холовој и авторка на книга за британската монархија.

„Изнесе толку работи кои очигледно се навредливи за членовите на семејството, лични поединости за кои многу сметаат дека не требало да бидат објавени. Ако имал барем малку емпатија, или сочувствување, што би требало да биде во основата на издаваштвото Archewell (кое Хари го основа со сопругата поранешната американска актерка Меган Маркл), тоа некако во сето тоа се загубило“, додава Мекларан.

Хари открива дека татко му не го прегрнал кога му кажал дека мајка му принцезата Дијана загинала, а тогаш имал само 12 години. „Кралот не роден да биде самохран родител“, вели Хари.

 

Непријателот Вилијам

Меѓутоа, се чини дека најголемата одмазда ја сочувал за својот „мил брат, својот најголем непријател“ принцот Вилијам.

Прикажувајќи го како личност со лош карактер, Хари тврди дека Вилијам никогаш не ѝ пружил шанса на неговата сопруга Меган, сметајќи ја „незгодна и зајадлива“.

Нештата ескалирале во кавга во 2019 година кога, како што тврди Хари, брат му се нафрлил на него.

Хари го опишува и „целоживотното“ ривалство меѓу „наследникот“ Вилијам и „резервниот“ себеси, откривајќи ја суровата реалност на кралската хиерархија.

Хари, исто така, ја обвинува маќеата Камила Паркер, со години демонизирана во британските таблоиди но сега релативно популарна, дека „долго играла игра и водела кампања чијашто цел била брак и на крајот круната“.

Книгата открива и големи и мали тајни. Така се открива дека покојната кралица Елизабета Втора ја запрашала Меган на нивната прва средба што мисли за Доналд Трамп, тогаш републикански кандидат за американски претседател.

Хари открива и дека кога се иселил од Кларенс Хаус, кралската резиденција во Лондон, Камила ја преуредила неговаа соба во гардероба, што го навредило.

Принцот рече дека дознал за смртта на својата баба Елизабета Втора в септември на интернатстраницата на британскиот службен радиодифузер BBC и дека отпатувал сам во Шкотска за да биде крај неа, бидејќи му било кажано дека роднините отпатувале со приватен авион.

 

Поделено семејство

Хари призна дека не разговарал со братот и таткото „доста долго“ ја исклучи можноста да се врати да работи за кралското семејство.

Покрај тоа, одби да каже дали ќе присуствува на крунисувањето на кралот. „Расколот не можеше да биде поголем, пред оваа книга“, рече принцот.

Списокот на личности на коишто им се заблагодарува на крајот од книгата има две полни страници, но во него нема ниеден член на кралското семејство, забележуваат британските медиуми.