Десетици луѓе загинаа во израелски воздушен напад врз Џабалија во северниот дел на Појасот Газа во средата, објавија палестински извори.
Најмалку 47 лица, меѓу кои и еден новинар, се убиени од утрото во средата, соопштија медицински извори. Информацијата не можеше да се потврди независно, наведува Reuters.
Палестинската новинска агенција WAFA соопшти ноќта во средата дека во еден напад загинале 15 лица, а цел бил дворот на болницата и шаторите во кои се сместени раселените луѓе.
Израелската војска соопшти дека ги проверува извештаите.
Според локалните власти, израелската армија се бори во таа областа пет последователни дена.
„Нема крај на пеколот. Најмалку 400.000 луѓе се заробени во областа“, напиша Филип Лазарини, шеф на агенцијата на Обединетите нации одговорна за палестинските бегалци, на платформата X за ситуацијата во северниот дел на Газа.
Пред неколку дена израелската армија изврши нов копнен напад на северот на Газа. Израел соопшти дека милитантната група Хамас се обидува да се прегрупира во областа Џабалија.