Речиси половина републиканци нема да гласаат за Трамп ако биде осуден, но популарноста му расте

Малку помалку од половината републиканци во анкетата на Reuters/Ipsos објавена во четвртокот велат дека не бил гласале на претседателските избори во 2024 година за поранешниот претседател Доналд Трамп доколку биде осуден во низата процеси што се водат против него.

Истражувањето било спроведена на национално ниво, собирајќи одговори на интернет од 1.005 возрасни Американци. Маргината на можната грешка е околу четири процентни поени

Порашниот претседател е фаворит меѓу гласачите на Републиканската партија за претседателските избори следната година, а во четвртокот подоцна ќе се појави на суд поради обвинувања за заговор со цел да се поништат резултатите од претседателските избори од 2020 година.

Трамп и огромно мнозинство републикански избирачи сѐ уште тврдат дека изборите од ноември 2020 година се украдени во полза на кандидатот на демократите актуелниот претседател Џо Бајден. Контроверзните избори доведоа и до упадот на „трампистите“ на Капитол во првата седмица од јануари 2021 година, кога требаше да бидат потврдени електорските гласови во полза на Бајден, за што е последната тужба против републиканецот.

Против Трамп се водат уште две постапки: еден во сојузната држава Њујорк, покрената од обвинител избран демократ, поради наводни нелегални исплати на пормоглумица да молчи за нивна наводна врска кога тој објави својата кандидатура за претседателските избори во 2016 година, и, вториот, исто така од Министерството за правосудство на сојузно ниво поради наводно изнесување и незаконско поседување доверливи документи откако ја напуштил Белата куќа во јануари 2021 година.

Интересно е што медиумите речиси воопшто не известуваат за идентичните истраги на актуелниот претседател Бајден, во чии деловни и приватни простории на три локации беа најдени доверливи документи до кои дури и не смеел да има пристап бидејќи во тоа време бил само потпретседател на претседателот Барак Обам. Таков случај беше поведен и за републиканскиот кандидат Мајк Пенс, за потенцијално нарушување на законот од времето кога беше потпретседател на Трамп.

Во анкетата на Reuters/Ipsos на испитаниците републиканци им било поставено прашањето дали би гласале за Доналд Трамп доколку поротата го прогласи виновен. Според објавените резултати, 45 отсто рекле дека не би гласале, а 35 проценти дека би гласале, бидејќи законот овозможува да биде изгласан и кандидат кој е осуден. Преостанатите 20 отсто одговориле дека во моментов не знаат како би гласале.

Запрашани, пак, дали би гласале за Трамп доколку заврши во затвор, 52 отсто од републиканските гласачи рекле дека не би гласале, а 28 отсто би гласале и покрај таквата евентуална разврска.

Трамп постојано повторува дека е невин и ги обвинува истражителите и обвинителството дека спроведуваат „лов на вештерки“ против него започна уште додека беше претседател поради фабрикуваната негова наводна поврзаност со Русија. Републиканецот јасно укажува дека со постојаното покренувања нови обиненија против него неолибертаријанскиот естаблишмент сака да ја спречи неговата кампања во којашто доминира, како и да се забошотат аферите кои се поврзани со актуелниот претседател Бајден кој исто така најави дека ќе се кандидира за уште еден мандат.

Новата дводневна анкета на Reuters/Ipsos, исто така укажува дека републиканците во голема мера ги споделуваат обвинувањата на Трамп за политички прогон. Дури 75 отсто од републиканските испитаници се согласија со изјавата дека обвиненијата против Трамп се „политички мотивирани“. Дваесет проценти не се согласуваат, а останатите рекле дека не знаат.

Околу две третини од републиканците, или 66 отсто, го опишаа како „неверојатно“ обвинението во последниот процес за Трамп дека тој барал примена на изборниот резултат. Од друга стрнаа, 29 проценти рекле дека тоа е веродостојно, а останатите не се сигурни.

Испитаниците од редовите на републиканците, исто така, договорителе дека е поверојатно да не гласаат на денот на изборите за неименуван осуден криминалец, отколку некој со име Доналд Трамп. На прашањето како осудата за кривично дело ќе влијае на нивното гласање во апстрактна смисла, 71 од републиканците одговориле дека не би гласале за осудениот, во споредба со 52-та споменати проценти доколу тоа е Трамп.

Сепак, досега Трамп имаше само полза откако во април годинава беа подигнати првите обвинувања против него, зголемувајќи ја предноста пред противкандидатите за претседателската номинација на Републиканската партија.

И новата анкета покажува дека на Трамп и натаму му растеп предноста. Во моментов има 47 отсто поддршка од републиканците, како и во јули, но на полтичарот во подем и негов најблизок ривал, гувернерот на сојузната држава Флорида, Рон Десантис, популарноста му се намалила за шест процентни поени, на 13 отсто.