Речиси половина во државниот БДП е од скопскиот регион, според ДЗС

Скопскиот регион со 44,9% имал најголемо учество во бруто-домашниот производ на Македонија во 2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пелагонскиот регион во БДП на државата учествува со 10,0%, Југозападниот со 8,8%, Југоисточниот со 8,7%, Источниот со 8,0%, Полошкиот со 7,5%, Вадарскиот со 7,3%, а најмало е учеството на Североисточниот регион со 4,8%.

Скопскиот регион има и најголем бруто-домашен производ по жител, за 25,7% повисок од просекот на државата. Над државниот просек за 8,0% е само уште Југоисточниот регион.

Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Македонија.