Речиси половината Германци не сакаат од сопствениот џеб да ги платат санкциите за Русија

Речиси половината не е подготвено да ја жртвува својата лична финансиска состојба, а мнозинството сметаат дека санкциите на Европската унија против Русија поради нејзината офанзива во Украина треба да ја платат компаниите кои остваруваат добивки во текот на кризата, покажува истражувањето на јавното мнение на тинк-тенкот Civey за каналот Die Welt.

Според резултатите анкетата, 46 отсто од Германците не сакаат да платата од сопствениот паричник за острата политика на европските снакции против Русија. Наспроти нив 44 проценти од испитаиците изразиле подготвеност за „личен придонес“ во снакциите, на пример со повисоки трошоци за енергијата.

Покрја тоа, големо мнозинство Германци претпочитаат трошоците произлезени од санкциите да бидат покриени од компаниите коишто остваруваат дополнителни профити поради ситуацијата во Украина, според податоците на Civey.

Така, дури 64 отсто од испитаниците ја поддржале идејата за воведување дополнителни даноци за деловните субјекти кои „печалат“ поради кризата во Украина. Против таквите мерки биле само 27 отсто од испитаниците.

Истражувањето, исто така, покажало дека 49 отсто од Германците се принудени да ја ограничат личната потрошувачка поради зголемените цени на енергијата и храната, коишто исто така се рефлексија од антируските санкции, a 42 отсто одговориле дека не мора да ги ограничат своите потреби поради повисоките цени.

Во оваа анкета, прашањата биле: „Дали во моментов мора да се ограничите финансиски поради зголемените цени (на пр. енергија и храна)?“, „Колку сте подготвени да ги поднесете личните финансиски последици (на пр. зголемени трошоци за енергија) поради на санкциите против Русија?“ и „Дали мислите дека компаниите што профитираат од руско-украинската војна треба да плаќаат дополнителни даноци?“.

Анектата била спроведена на репрезенатативен примерок од 5.001 до 5.061 испитаници, во периодот меѓу 4-ти и 6-ти мај. Статистичката грешка на резултатите е 2,5 отсто. Вклучени се само одговори од регистрирани и проверени корисници.