Речиси стотина исчезнати во Индија во потонување во циклонот

Девеесет и шест лица исчезнале во вторникто откако теглач кој го изнајмила државната нафтена компанија потонала во близина на брегот кај Мумбаи за време на циклонот Тауктае.

Индиската морнарица успеала да спаси 177 од 273 луѓе на пловилото недалеку од Бомбај Хај, нафтено наоѓалиште во морето со кој управува индиската државна Корпорација за нафта и пририден гас.

„Голем број од припадниците на персоналот кои носеле појаси за спасувањето веројатно плутаат во водата. Морето е разбранувано во ветерот и високот бранови, така што спасувањето во овие крајно предизвикувачки околности ќе продолжат во текот на денот“, изјави портпаролот на индиската морнарица Вивек Мадвала за германската новинска агенција DPA.

Два брода и јеликоптери учествувале во операцијата за потрага и спасување напреживеаните, додал.

Уште едно пловило без контрола со 137 членови на екипажот, кое исто така испратило повик за помош, се насукало во областа Махима недалеку од Мумбаи и Крајбрежната стража веднаш тргнала да пружи помош.

Циклонот Тауктае слабее откако налета на Индија којашто е силно зафатена од пандемијата на коронавирусот и принуди огромен број од населението да побегнат барајќи засолништва.

Невремето се движеше по западниот брег на Индија во понеделникот, однесе 21 живот и за малку го одмина финансискиот центар Мумбаи. Мина преу Гуџарат во понеделникот со ветрови кои дувале со брзина од 170 километри на час со удари и до 190 километри на час и со обилни дождови. Во Гуџарот немало голем број жртви, а околу 200.000 луѓе се евакуирани од крајбрежните области

Индиската метеоролошка служба во вторникот прогнозираше дека Тауктае дополнителни ќе ослаби во „депресија“, додека патува кон внатрешноста.

Тауктае, наречен по бурмански гуштер, оштетил згради и предизвикал големи поплави кои ги прекинале патниот, железничкиот и воздушен сообраќај во сојузните држави Гуџарат и Махарашастр, како и на соседните области Даман и Диа.

Индиските сили за одоговор на катастрофи започначле операции во повеќе окрузи во Гуџарат и стотици припадници ги раслистуваат патиштата од урнати стебла и столбови кои го блокираат сообраќајот.

Тауктае е најсилниот циклон кој го погоди регионот од 1998 година, и доаѓа во екот на смртоносниот бран од Covid-19 кој ги преплави индиските болници. Гуџарат поради тоа го прекина вакцинирањето на два дена. На болниците со ковид-пациенти им е обезбеден доток на електрична енергија и медицински продукти. Масовната евакуација, исто така, предизвика загриженост поради можните нови зарази следните седмици.