Речиси 1.400 луѓе смртно настрадале во земјотресот со магнитуда од 7,5 степени и цунамито што следеше минатиот петок кои го погодија индонезискиот архипелаг Сулавези покажуваат последните податоци, а се предуредува на недостиг од основни продукти за преживеаните и на спроведување на операцијата на спасување.
На речиси 200.000 лица им е неопходна хуманитарна помош, според канцеларијата за координирање на хуманитарните акции при Обединетите нации – OCHA. Се проценува дека 66.000 живеалишта се уништени во природната стихија од минатата седмица. Преживеаните водат борба со недостигот од храна и вода за пиење, а властите се затупани со бројот на повредените на коишто треба да им се осигури лекување.
„Иако владата и организациите за итни состојби работат без одмор за да дадат витална помош, потребите остануваат огромни“, се наведува во соопштението на OCHA.
Во градот Палу, административен центар на покраината Централни Сулавези, кој беше погоден со сета сила од бранот на цунамито кој носел луѓе, возила и цели згради, полицијата во вторникот пукала предупредувачки и употребила солзавец за да го растера жителите кои ги ограбувале продавниците во потрага по основните продукти.
„Билансот изнесува 1.374 мртви и 113 повредени“, соопшти во вторникот Вилем Рампангилеи, директор на индонезиската агенција за управување со природни катастрофи. Властите, додаде, предвидуваат зголемување на бројот на настраданите со напредувањето на спасувачките екипи во подрачјата во коишто уште не навлегле.