Речиси 200 припадници на ИД уапсени во Турција од почетокот на годинава

За време на акциите е одземена голема количина на оружје и муниција.

Од 863 приведени лица од почетокот на 2016 година, на 199 им е одредена мерка притвор, прецизираа изворите.

Досега вкупно 1.172 терористи од ИД биле неутрализирани, вклучувајќи 807 во Сирија и 365 – во северен Ирак.

Имено, 388 терористи од ИД и 82 курдски сепаратисти биле задржани на турско-сириската граница.

Изворите од турските сили за безбедност соопштија дека од периодот од 1 до 5 мај турската војска нанела удари врз 2.144 позиции на ИД.

Турција ги нападна позициите на групата во Сирија како одговор на ракетните напади, кои беа извршени на турската територија.

Во последните месеци во граничниот турски град Килис паднаа повеќе од 70 ракети, истрелани од страна на војниците на Исламската држава во Сирија. При експлозиите загинаа околу 20 лица.