Еврокомесарката за правда Вивиен Рединг се откажа од идејата да се кандидира за функцијата претседател на Европската комисија во корист на својот сонародник и поранешен премиер на Луксембург, Жан Клод Јункер, пренесува ИТАР -ТАСС .
Рединг беше една од главните претенденти за функцијата на Жозе Мануел Баросо, од името на Европската народна партија, најголемата десничарска партија во Европската унија. Пред неа од оваа идеја се откажа и премиерот на Ирска, Енда Кени.
Жан Клод Јункер, кој ја предводеше еврогрупата од 2005 година до 2012 година е најочигледниот кандидат од ЕПП. Регистрацијата на кандидатите ќе започне официјално на 13 февруари.