Редовниот месечев циклус ќе предизвика поплави на крајбрежјата во 2030-те

EPA-EFE/MARCIAL GUILLEN

Американското крајбрежје ќе биде зачестено погодувано од поплави во текот на 2030-те години благодарејќи на редовниот лунарен циклус кој ќе го засилува подигнувањето на морското ниво, што веќе се случува поради климатските промени, покажуваат податоците собрани од научниците на амерканската агенција за вселенски истражувања NASA, чиишто резултати се применливи на целиот свет предупредуваат експертите.

Клучниот фактор кој научниците го откриле е редовното „колебање“ (осцилирањето) на месечевата орбота, што првпат било утврдено во XVIII век, а трае вкупно 18,6 години.

Месечевата гравитациска привлечна сила помага во движењата на плимите и осеките на Земјата. Во првата половина од лунарниот циклус, редовните секојдневни плими и осеки на Земјата се послаби, при што плимите се помали од вообичаените, а осекуте е поголеми. Во втората половина од лунарниот циклус ситуацијата е обратна, па тогаш плимите се повисоки, а осеките пониски.

Очекуваните поплави во текот на 2030-те години ќе се случуваат поради комбинацијата од континуираното подигнување на морското ниво поради климатските промени и влегувањето во втората половина од месечевиот циклус кој ги засилува плимите и осеките.

„Во заднината имаме долгорочно подигнување на морското ниво поврзано со глобалнот загревање. Тоа насекаде предизвикува подигнување на новото на морето. Месечевото влијание предизвикува промени во плимата и осеката, и утврдивме дека ова влијание ќе се совпадне со општото подигнување на морското ниво, што ќе предизвика поплави во временскиот период од 2030 до 2040 година“, вели Бен Хамилтон, шеф на научниот тим на NASA и еден од авторите на оваа студија.

Научниците проучиле 89 локации на коишто се мерат плимите и осеките во секоја од крајбрежните американски сојузни држави, со исклучок на Алјаска. Ефектот од оваа динамија се однесува на целата планета, освен на крајните северни брегови како што е алјаскиот.

Во однос на претходните процени, ова истражување прогнозира значителни поплави од околу 70 години порано. Истражувањето, кое е објавено претходно месецов во научното списание Nature Climate Change, се фокусира на американскиот брег, но резултатите се пименлии на сите крејбрежја ширум светот, истакнуваат од NASA.

„Тоа е навистина клучна информација за планерите“, истакнува Хамилтон, додавајќи дека урбанистите би требало веднаш да планираат градење згради и делови од инфраструктурата во согласност со резултатите од ова истражување.