„Не“ на референдумот ќе ги рестартира преговорите со кредиторите

„Не“ на референдумот ќе ги рестартира преговорите со кредиторите

Гласањето со „не“ на референдумот ќе ги рестартира преговорите со кредиторите во понеделник. Врз основа на единството на грчкиот народ и одбивањето ултиматуми, грчката Влада ќе преговара со подобри услови, изјави денеска портпаролот на грчката Влада Гаврил Сакеларидис, пренесува МИА.

Тој истакна дека „грчката Влада извојува тешка битка со цел пензиите да не се намалат“, додавајќи дека пет години на меморандуми доведоа до намалување на пензиите на 14 милијарди евра, што не беше доволно за кредиторите.

– Како што поминуваат деновите, се повеќе и повеќе луѓе ја сфаќаат реалноста. Се повеќе и повеќе не се плашат и ги затвораат ушите на невидената пропаганда, не подлегнуваат на уцени, заклучи Сакеларидис.