Референдум за продолжување на мандатот на претседателот на Египет овој викенд

Египќаните од 20-ти до 22-ри април ќе гласааат за амандманите за продолжување на траењето на мандатот на претседателот, должност која во моментов ја извршува Абдел Фатах ал-Сиси, реформа која жестоко ја критикуваат неговите противници, во прв ред од редовите на исламистите.

Референдумот ќе се одржува од саботата 20-ти април до понеделникот 22-ри април, соопштил во средата на прес-конференција Лашин Ибрахим, шеф на државниот изборен орган. Египќаните во странство, пак, ќе гласаат во дипломатските мисии од 19-ти до 21-ви април, додал Ибрахим.

Датумите се објавен ден по гласањето во египетскиот парламент со големо мнозинство од 531 од вкупно 554 пратеници, кои се изјасниле за низата уставни амандмани, меѓу кои и амнадманот за продолжување на претседателскиот мандат. Уставната реформа, исто така, би ја зголемила и контролата над правосудството и да ја институционализира политичката улога на армијата, која со години е главниот столб на египетската власт.

Со Уставот од 2014 година претседателската должност во Египет беше ограничена на два последователна четиригодишна мандата. Новиот член 140 овозможува продолжување на вториот мандат на Сиси од четири на шест години, кој би завршил во 2024 година, Тогаш претседателот би можел да се кандидира за третиот шестгодишне мандат и да остане на власт до 2030 година.