Британската фунта ослабе во попладневното тргување (по азиско време) на берзата во Токио, со што ја напушти највисоката позиција наспрема американскиот долар годинава.
Откако милиони Британци се упатија кон гласачките места за да го дадат својот глас за иднината на Британија и Европската Унија, се забележа голем пад на британската фунта.
Денес попладне фунтата се купуваше за 1,4766 долари на токиската берза, за разлика од нивото од 1, 48 долари пред почетокот на референдумот и највисокото ниво од 1,4844 долари на кое се наоѓаше утрово на отварањето на берзата пренесува АФП.