Реформата на јавната администрација во Македонија, круцијален критериум за влез во ЕУ

Реформата на јавната администрација во Македонија е критериум за пристапување кон Европската Унија и не смее да биде личен хир на ниту една Влада и на ниту еден Министер, смета заменикот министер во Министерството за информатичко општество Стефан Андоновски.

Според него, „по изборите реформската Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозна трансформација во јавниот сектор“.

Законите не смее да се носат по скратена постапка со европско знаменце, без дебата, без вклученост на јавноста. Законот и според СИГМА извештаите има недостаток во клучни работи, како што е Системот за наградување на перформанси (Performance appraisal system), кој наместо да го развијат го симплифицираат и субјективизираат. По изборите реформската Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозна трансформација во јавниот сектор која ќе резултира со среќни и успешни вработени, ефикасна јавна администрација и квалитетни услуги за граѓаните, напиша Андоновски на својот профил на „Фејсбук“

Инаку, тој денеска имаше средба со претставници на синдикатите, која се одржа во Собранието на Република Македонија.