Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишуваат дека реформите во примарна здравствена заштита без компас.
„• Нема одговор како и од кога ќе се бара до термин за матичен. Едвај се наоѓа, ако воопшто се најде термин, за специјалист, а сега ќе се закажувал термин и кај матичен лекар. Како ќе се изведува тоа, нема одговор
• Нема одговор за тоа какви услуги ќе можат да добијат кај матичниот лекар, наместо кај специјалист
• Нема одговор која е листата на лекови кои матичните ќе можат да ги препишуваат како терапија без специјалист. Не е прецизен одговор дека лекови за притисок, шеќер, тироида, астма и за белодробни болести од денес ќе дава матичниот лекар
• Нема одговор колку средства ќе се одвојат за матичните за опрема за дополнителните услуги кои ќе ги даваат
❗️Ова се само некои од дилемите од тн. најавена реформа на ПЗЗ.
❗️❗️Со промена на процедури или најава на тн. реформа, без скенирање на реалните состојби на терен и мерки за нивна корекција, како може да се очекува значително подобрување на примарната здравствена заштита која е прва врата за влез во здравтсвениот систем“, стои во нивниот пост на Фејсбук.