Во предложената влада на Зоран Заев, речиси и да нема министер кој нема досие или не бил осудуван за кривични дела. Неговата „реформска“ влада има прилично габаритен багаж од кривични пријави за сериозни кривични дела, некои гонети, па дури и осудувани за криминални дејанија.
Така, идниот премиер Зоран Заев, во врска со сторен криминал, се споменува во низа случаи: за „Глобал“, „Пуч“, „Цареви кули“, „Поткуп“, „Струмица гас“…
Истрага за изборен криминал, злоупотреби на Заев и неговата администрација на законот за легализација на дивоградбите за случајот „Цареви Кули“, како и јавното обелоденување за скандалозно криминалните тендери на јавното претпријатие „Струмица гас“, кои Заев му ги давал на негов сопартиец претседател на комисијата за енергетика на СДСМ, се само дел од аферите.
Се води истрага и за коруптивни зделки направени од одговорни лица во Општината со која раководи Заев. Со овие ,,бизниси” незаконски биле „испумпани“ десетици илјади евра буџетски пари на сметки на фирми блиски до локалните функционери на СДСМ. Станува збор за околу 4-5 јавни набавки, за асфалтирање на улици во струмичкото село Дабиле. Во случајов, изведувач на градежните активноти е фирмата „Дикор ЦД“, чиј сопственик е синот на поранешната пратеничка на СДСМ, Цветанка Ивановска.
Лидерот на СДСМ веќе има една кривична пријава за работењето како градоначалник во општина Струмица. Тој е осомничен за злоупотреба на положбата откако со камера беше снимен како бара мито од 200.000 евра за изградба на црква во општината.
Заев се товари и за злоупотреба на средства за финансирање на последната изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи. Осомничени за изборни измами во истрагите кои ги води Основното јавно обвинителство се и Вице Заев, братот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, и бившот министер во МВР од редовите на оваа партија, Оливер Спасовски.
Шекеринска во скандалот со себеиздавање станови
Кога станува збор, пак, за вториот човек на СДСМ, односно идната министерка за одбрана, Обвинителството води истрага од февраури, 2016 година. Обвинителството побара мерки на претпазливост за сопругот на Радмила Шекеринска. Скопското обвинителство, постапувајќи по пријава од Министерството за внатрешни работи поведе постапка против Божидар Јанковски, управител на компанијата „Дајнерс клуб Македонија“ и сопруг на заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска за злоупотреба на службена положба и овластување.
Обвинителството до Основниот суд Скопје 1 поднело и предлог за определување на мерки на претпазливост и тоа: привремено одземање на патна исправа, односно забрана за нејзино издавање и обврска за повремено јавување во суд.
Сопругот на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, Божидар Јанковски, попознат како Бобо Дајнерс заработи кривична пријава за затајување на данок и злоупотреба на службената должност.
Според пријавата на полицијата во периодот од 1. јануари 2009. до 31. 12 2013. односно во периодот од 5 години, по основ на закуп на станови, Јанковски и неговата мајка во својство на физички лица закуподавци од една страна и повторно пријавениот од друга страна како одговорно лице во „Дајнерс Клуб интернационал мак“ ДООЕЛ како закупец, склучил повеќе договори за закуп на станбен простор, односно Јанковски склучувал договори за закуп самиот со себе.
Синот како директор на „Дајнерс“…