
Целта на конференцијата „ИКТ во агробизнисот“, е да се зближат двете индустрии за подобро да ги разберат своите потреби и барања.
Според МАСИТ, иницирањето дијалог меѓу ИКТ и агробизнис заедниците е голем предизвик. Затоа, ќе бидат покренати прашањата како двете индустрии да соработуваат повеќе и како да постигнат максимален бенефит од остварената соработка.
Една од клучните теми ќе биде и како ИКТ може да им помогне на земјоделците да го развијат својот бизнис.
На конференцијата се предвидени Б2Б состаноци, презентации на експерти од ИКТ и агросекторот, споредба меѓу светските и домашните трендови, како и панел дискусија на тема „Простор за решавање на јазот помеѓу ИКТ и агробизнисот“.
Се очекува присуство на околу 200 учесници, претставници од ИКТ и агрокомпании, финансиски сектор, државни институции, донаторски организации, како и експерти од областа на ИКТ и агробизнисот
На отворањето на конференцијата е најавено обраќање на министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска.
Конференцијата се организира во соработка со АгФутура Технологии и ПроКредит Банка.